Македонија
18. July 2022 - 17:05

Непознато лице лажно се претставувало како вработен во УЈП и наплаќал долгови

Управата за јавни приходи известува дека изминативе денови непознато лице,  лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приходи како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што истите го имале спрема Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи денес дојде до оваа информација,  и согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријави оваа случка во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци .

УЈП известува дека  задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија  и пријави)  и уплатите,  преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски.  Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

 

УЈП