Непознати лица упаднаа на пистата на аеродромот во Сараево
Непознати лица утрово, без безбедносна проверка, упаднаа на пистата на Меѓународниот аеродром во Сараево, упатувајќи се кон авион на авиокомпанијата „Аустриан“ што се подготвувал за полетување.
На упадот веднаш реагирале припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина, кои ги уапсиле натрапниците.
Во време на инцидентот, патниците веќе биле качени во авионот на „Аустриан“ за лет од Сараево до Виена, но потоа тие биле вратени во аеродромската зграда, а леталото било испратено на детална проверка.
Портпаролката на аеродромот, Сања Багариќ во изјава ФЕНА само кусо одговори дека во тек е истрага за случајот.
– Се што можам да кажам сега е дека истрагата е во тек. На терен е излезен обвинител од надлежното државно обвинителство во соработка со Граничната полиција на БиХ и сите останати надлежни аеродромски служби. Повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот, истакна Багариќ.
Ново на Сител
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед