Непозната дрога заплената на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул
Досега непозната дрога во Турција е заплената од полицијата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Само килограм од овој наркотик, кој е во вид на прав, бил доволен за да се произведат 900 килограми синтетичка дрога, соопштија аеродромските власти.
Дрогата била откриена во чанта на една патничка, која пристигнала со авион од Хонгконг. Дежурната екипа на аеродромот од Дирекцијата за борба против шверц на дрога се посомневала во патничката и побарала проверка на нејзината чанта. Биле пронајдени три кутии, во кои бил ставен наркотикот.
Жената тврдела дека кутиите содржат протеин во прав, а лабораториските анализи покажале дека станува збор за нов вид на дрога, која во Турција не е позната. Патничката е приведена, а истанбулската полиција во соработка со своите колеги во Хонгконг водат истрага за откривање на испраќачот на дрогата.
Ова е една од најголемите наркооперации на полицијата на аеродромот „Ататурк“. Вредноста на пратката изнесува околу 3,7 милиони евра.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари
-
Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски