Неплатените сметки за вода може да се платат на рати и без камата
ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје спроведува акција за наплата на долговите на рати без камата.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје информираат дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 17 јуни заклучно до 31 јули 2020 година.
– Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи. Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите, велат од јавното ретпријатие.
Повикуваат и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата: задолжително носење на маски, одржување на растојание од два метра и дезинфекција на рацете.
За сите дополнителни информации, граѓаните ќе можат да се обратат на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот