Непалски алпинисти првпат во зима го освоија К2, вториот највисок врв во светот
Тим непалски планинари влезе во историјата на алпинизмот со првото зимско искачување на вториот највисок врв во светот К2, соопштија пакистанските власти.
-Екипа од 10 непалски шерпаси попладнево се искачија на К2, изјави секретарот на Пакистанскиот алпинистички клуб (АЦП), Карар Хаидри, за ДПА.
Врвот К2, висок 8.611 метри, познат и како „Дивата планина“, се наоѓа во северен Пакистан недалеку од границата со Кина.
Досега тој беше единствениот врв повисок од 8.000 метри каде не беше изведено зимско искачување.
Врвот за првпат беше освоен на 31 јули 1954 година.
Повеќе од 50 планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции, исто така, ќе се обидат да го искачат врвот оваа зима.
Доаѓањето до К2 се смета за многу потешко искачување од тоа до највисокиот врв во светот, Монт Еверест.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка