Неопходен подобар пристап до вода и санитација и во урбаните и во руралните средини
Речиси 90 отсто од Скопје, Куманово и Велес имаат еднаков пристап до вода и санитација, но некои работи треба да се подобрат во наредниот период. Во Скопје и во другите две општини нема јавни тоалети, а во руралните средини има понесоодветен пристап до санитација, особено во училиштата.
Ова денеска го изјави Наташа Доковска од невладината организација „Новинари за човекови права“ на националната конференција за правичен пристап до вода. Појасни дека се работи за проектот „Самопроценка за пристап до вода и сантитација во три општини во Македонија, Скопје, Куманово и Велес“, кој го спроведувале заедно со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје од овие три општиним со поддршка на Економската комисија на ОН за Европа, посебно Протоколот за вода и здравје.
- Ниту едно училиште, освен во Велес, нема услови за менаџирање со менструалната хигиена. Во религиозните објекти во овие три општини нема никаков пристап до санитација за верниците, а тоалетите се заклучуваат, изјави Доковска. Додаде дека бараат подобрување на состојба заедно со општините, како и работа на инфраструктурата, дезинфекција на водата онаму каде што е потребно...
Ева Баренберг од Економската комисија на ОН за Европа нагласи дека од анализите заклучиле оти пристапот до вода за пиење и санитација не е соодветен за одредени групи на лица, односно за девојчињата и жените. Според неа, послаб е пристапот до исправна вода и соодветна санитација во руралната средина за лицата кои работат на отворено.
Раководителот на Секторот за здравствена екологија во Институтот за јавно здравје проф. д-р Михаил Кочубовски информира дека и некои други општини најавиле интерес за да се спроведе ова истражување кај нив и да донесат локални акциски планови кои, како што рече, ќе им помогнат во нивната работа и се во интерес на јавното здравје и намалување на евентуални болести по потекло од водата.
Во рамки на конференцијата утре ќе биде промовиран Протоколот за вода и здравје на Регионалната канцеларија на ЕКОНЕ/СЗО за Европа, а ќе се обрати и претседавачот со Протоколот за вода и здравје при ОН, Наташа Дурашиновиќ.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање