Необјаснета болест го прекина испитувањето на вакцина против коронавирус
Американската компанија Џонсон и Џонсон привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против новиот коронавиру поради необјаснета болест на учесник во студијата, објави компанијата.
Болеста на учесник на тестот, ја испитува независен одбор за набудување на податоците и безбедноста.
Во соопштението се посочува дека таквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе.
Тоа е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители ширум светот, откако АстраЗенека ја паузираше доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, што се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така, поради болест на учесник во студијата.
Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија продолжија, но се уште се во пауза во САД.
Џонсон и Џонсон минатиот месец објавија дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето, по што започна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или почетокот на следната.
Ново на Сител
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа