Македонија
15. February 2016 - 13:59

Необична тепачка во Карбинци: Пијан го удрил, тој се заглавил во грмушки па сам паднал на бетон

Во село Таринци, општина Карбинци синоќа околу 19.00 часот настанала расправија и тепачка помеѓу  лицата Р.С. (40)  од Штип и И.К. (27) од село Таринци -  општина Карбинци. 

Во еден момент Р.С. замавнал со рака кон И.К. удирајќи во пределот на десното око. Во тој момент И.К. го турнал кон борчиња во кои тој се заглавил и не можел да излезе. Кога излегувал се сопнал и паднал на бетон и останал да лежи околу 5 минути.

Лицата се алкотестирани. Кај И.К. не е констатирано присуство на алкохол во организмот, а кај Р.С. утврдено било 0.68 промили.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.