Необичен љубовен пар: ТОЈ има 73 години, а ТАА 30 и имаат две мали деца!
Џон Вилоус (73) и Поли Џексон Џахаус (30) свиреле заедно во еден со кој често настапувале. Сето тоа довело до цврста врска и две деца!
На Божиќ во 2011 година го добија првото дете, ќерката Естер, а годинава пред Божиќ им се роди и синот Дејвид.
Џон од претходниот брак има два сина над 40 години, и неколку внучиња. Првата сопруга ја изгубил пред 11 години.
-Никогаш не сум бил посреќен. Децата ме прават млад и ми даваат сила – вели тој.
Џон вели дека Поли е љубовта на неговиот живот. Признава дека постојано добиваат коментари за разликата од 43 години меѓу нив, но не се грижат многу за тоа.
-Критиките за разликата во возраста не ме вознемируваат. Тој е прекрасен татко и фантастична личност – вели Поли.
Овој необичен љубовен пар воопшто не оди по правилата – пишуваат британските медиуми.
Џон и Поли не живеат заедно и немаат намера да се венчаат.
Но, Поли го запознала Џон со нејзината мајка која е 13 години помлада од „зетот“, а нејзиниот 7 годишен син од првиот брак „прекрасно се согласува со новиот чичко“!
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор