Ненад само изустил „Владо, готов сум“ и паднал мртов од убодите на рој стршлени
Ненад Станковиќ (47) од Долно Острожње починал кога, додека со уште двајца мажи сечел стебло во шума во местото Цвртиковци кај Станари, го нападнал и избодел рој стршлени.
Мажот починал набрзо откако го укасале инсектите. Имал 6-7 убоди, а кои најмногу на главата, а потоа и по вратот и грбот. Се претпоставува дека бил алергичен на убоди од стршлени и дека за кобниот исход придонело можеби и тоа што имал астма. Несреќниот човек со себе носел и пумпица.
Инцедентот се случил во понеделникот наутро во шумата каде влегле тројцата работници за да сечат дрва. Се претпоставуа дека гнездото стршлени било во стебло кое соборувале, и тие ги нападнале. Стршлените се посебно агресивни поради високите температури. Не можеле да го избегнат налетот на ројот.
Несреќниот Ненад починал на пат кон болница. Откако го искасале стршените, колегите го замивале со вода и тој рекол: „Леле Владо, готов сум и паднал. Еден од работниците имал само два убоди од стршлени и немал никакви последици. Лекарите рекле дека кај Станковиќ реакцијата била толку бурна што тој починал по само неколку минути.
Починатиот маж не бил оженет и немал деца.
Инаку стручњаците велат дека агресивноста на стршлените зависи од периодот во годината, а според медицината 10 или повеќе убоди од овие инсекти можат да бидат фатални. Но каков ќе биде исходот зависи од човек до човек, односно кој е алергичен, има ли друга болест и други фактори.
Совети од лекарите
Доколку човек биде каснат од стршлен на тоа место треба да стави ладна облога, и да се обрати за лекарска помош во случај отокот да се шири, да се почувствуа отежнато дишење и гушење, и друг осип по телото.
Ново на Сител
-
65 годишник до пиперките под фолија одгледувал марихуана во Стојаково | ФОТО
-
Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот