Македонија
13. July 2018 - 15:59

Немирна ноќ во Битола - криминалец нападна полициски службеник

 

Немирна ноќ на улиците во Битола, криминалец нападна полицаец. Како  што информираат од МВР, вчера во 18:30 часот во Битола на улица „Батаљон Стив Наумов“ додека полициски службеник преземал службени дејствија за откривање на сторители на кривични дела по член 215 од КЗ на РМ, го забележал В.И.(18) од село Белче–Демир Хисар по што истиот се дал во бегство. Откако полицискиот службеник го пристигнал В.И. почнал да му упатува вербални закани  по што физички го нападнал. Сторителот е приведен во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.