Немири во затвор на Шри Ланка

Најмалку шест затвореници загинаа, а 35 се повредени при немирите кои избија во затвор на Шри Ланка, соопштија утрово властите на таа островска држава.
Бунтот се случи во затвор во предградие на главниот град Коломбо поради зголемениот број заразени со коронавирус меѓу затворениците.
Припадниците на обезбедувањето отвориле оган откако избиле немирите, а двајца меѓу нив се тешко повредени.
Неколку стотици полицајци утрово се дополнително распоредени околу затворот, кој се наоѓа на околу 15 километри северно од Коломбо.
Во затворите на Шри Ланка се наоѓаат околу 26.000 затвореници, а нивниот капацитет е максимално 10.000.
Повеќе од илјада затвореници во пет затвори се позитивни на Ковид-19, а најмалку двајца починале досега. Позитивни биле и околу 50 затворски чувари.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
