-->
-->
Немири во Подгорица, уапсена членка на Демократскиот фронт
-->
Поради немирите во Будва, луѓе се собрале во Подгорица пред Центарот за безбедност, а неколку лица се уапсени, пишува црногорски „Вијести“.
Полицијата употребила солзавец откако кон нив биле фрлени неколку тврди предмети.
Полицијата претходно им наредила на собраните да се разотидат, или во спротивно ќе употребат средства за нивно растурање.
После тоа, тие се упатиле кон граѓаните, кои се повлекле кон Механичкото училиште во Подгорица.
Специјална полициска единица била присутна пред полициската станица.
Според „Вијести“, уапсена е Марина Фронтиќ, членка на Демократскиот фронт.
Граѓаните извикувале „Црна Гора се крена, светилиштата мора да се бранат, Мило, крадецу“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација