Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица

Пред зградата на Градското собрание на Белград денеска избувна масовна тепачка меѓу граѓани и припадници на обезбедувањето, откако демонстрантите се обиделе да ја отстранат заштитната ограда. Обезбедувањето реагирало со физичка сила, а ситуацијата брзо ескалирала во жесток судир, јавуваат српски медиуми.
Според видеоснимките, некои од припадниците на обезбедувањето започнале да удираат граѓани, по што тие возвратиле. Тепачката завршила со повлекување на обезбедувањето во кругот на зградата.
Во Собранието се одржуваше седница на која се расправаше за повеќе предлог-одлуки, вклучувајќи го и ребалансот на буџетите на градските комунални претпријатија. Граѓанската иницијатива „Мост останува“ повика на блокада на седницата, тврдејќи дека единствените легитимни точки на дневниот ред треба да бидат поддршката за студентските протести и мораториум на нетранспарентните градежни проекти.
По завршувањето на седницата, инцидентите продолжија. Полицијата во опрема за разбивање демонстрации беше распоредена пред зградата, а неколку лица се приведени. Ситуацијата дополнително се вжешти кога припадниците на приватното обезбедување се обидоа да излезат од зградата за да му помогнат на својот колега, кој беше испрскан со солзавец. Собраните граѓани се обидоа да го спречат неговото евакуирање со Брза помош, но подоцна им беше дозволено да го однесат во болница.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека полицијата интервенирала по барање на вработените во Градското собрание и дека не вршела притисок врз граѓаните. „Нашата задача е да го одржуваме јавниот ред и мир“, рече Дачиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
