-->
-->
Немири на грчко-турската граница, 25 мигранти уапсени од страна на грчката полиција
-->
Во центарот се сместени 250 баратели на азил, меѓу кои има и деца без придружба на родители.
Грчката полиција уапси денеска 25 лица во текот на протест во прифатен центар за мигранти, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, соопштија официјални лица.
Во текот на повеќечасовните протести во Центарот, оштетени се контејнерите адаптирани за сместување на мигрантите и уште неколку помошни објекти, но никој не е повреден, пренесува АП.
Во тој Центар се сместуваат мигранти кои илегално влегуваат во Грција додека не поднесат барање за азил, а до протестот дошло поради незадоволството на мигрантите, зошто решавањето на нивното прашање е одложено поради епидемијата од новиот коронавирус.
Моментално, во центарот се сместени 250 баратели на азил, меѓу кои има и деца без придружба на родители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик