-->
-->
Немаше желба и агресивност како против Црна Гора
-->
Лоша игра на „рисовите“ против Либан, селекција која на третото гостување во Европа ја забележа и првата победа откако претходно загуби од Малта и Ерменија. Фудбалската јавност очекуваше повеќе и секако втора победа во серија по одличната игра против Црна Гора. Разочаран од изданието на прес конференцијата по мечот беше и селекторот Игор Ангеловски:
„ Знаевме дека ќе имаме цврст и добро организиран противник, кој сигурно не е од екстра класа но не успеавме да го пробиеме.... Ќе направам анализа на двете средби и со Црна Гора и со Либан и потоа ќе работиме на поправање на играта иако мора да признам дека не чека многу тешка работа.... Имавме најмалку 20 погрешни додавања во првиот дел, продадени топка и тоа се случува во фудбалот ако имате слаб ден но факт е дека желбата и агресивноста беа далеку од натпреварот со Црна Гора...“ истакна пред новинарите Ангеловски кој по вторпат седна на клупата на нашата селекција...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите