Свет
18. October 2017 - 22:02

Немаат милост: На крадец пред „публика“ му ја отсекоа раката

Исламската држава во Египет објави видео во кое на еден крадец му ја сечат раката. Десната рака му била врзана и добил локална анестезија.
 
Видеото беше објавено само неколку часа откако ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот на шест воени контролни пунктови на Синајскиот полуостров, а на снимката се гледа толпа народ која ја чека казната за крадецот.
 
Не е познато дали крадецот е член на Исламската држава или е предмет на тешкиот закон на Шеријатот. На крајот од видеото исто така е снимено и медицинска интервенција.