Нема загинати и повредени во сообраќајката на патот Струмица-Граничен премин Ново Село
Нема загинати и повредени во сообраќајката на патот Струмица - Граничен премин Ново Село, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин во двата правци од 18:30 часот.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, во 18:20 часот во полицијата било пријавено дека се случила сообраќајна незгода пред влезот во село Ново Село од правец на Струмица, а во неа учествувале два автомобила.
-Според првичните информации причинета е само материјална штета кај двете возила, а полицијата врши увид на местото на незгодата, изјави Трајанова за МИА.
Според неа, се очекува сообраќајот наскоро да биде нормализиран.
Претходно АМСМ информираше дека од 18:30 часот на патот А4 Струмица - Ново Село, пред ГП-Ново Село, сообраќајот е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода.
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри