Нема забрани на Плетвар, расчистени регионалните патишта, се чисти и патот за Мариово
Патгниот правец Плетвар кај Прилеп е прооден и сообраќајот се одвива непречено за сите видови возила, информираат од прилепската подружница на „Македонија пат“.
Според Сашо Цветкоски, раководител на подружницата, нема проблеми ниту на другите регионални патни правци, а веќе се расчистува и патот до Мариово.
– На Плетвар сообраќајот се одвива без проблеми за сите видови возила, со препораката за внимателно возење. Имаме доволно песок и сол за посипување. Проодно е и на сите регионални патни правци во приелепско. Веќе е испратено возило и го расчистува патот до Мариово. Расчистено е до Расим бегов мост на Црна Река, а сега расчистувањето продолжува до селото Витолиште. Нашата преорака останува за внимателно возење на патните правци, изјави Цветкоски.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?