Македонија
30. јуни 2020 - 16:44

Нема влез во ЕУ за македонски државјани

14 земји се на листата на ЕУ за кои од 1 јули се отвораат границите. На листата за која има согласност од квалификуваното мноинзтво во ЕУ ја нема Македонија, а од регионот влезот ке им биде дозволен на Србија и Црна Гора.

Останатите на кои ќе им е дозволен влезот се:

Србија

Црна Гора

Алжир

Австралија

Канада

Грузија

Јапонија

Мароко

Нов Зеланд

Руанда

Јужна Кореа

Тајланд

Тунис

Уругвај

Рестрикции нема да има ни за ВБ која формално се уште е во ЕУ. Но, на списокот не се наоѓаат  Русија, Бразил и САД и покрај силниот притисок од Вашингтон да им биде дозволен влезот во ЕУ. Тие се со најголем број заразени на светот, но на листата освен Македонија ги нема и Албанија и Турција кои се со процентуално највисок број заболени. Анонимни дипломати за Си-Ен-Ен изјавија дека одлуката нема врска со политиката, туку се работи за исклучително здравствени критериуми. Оваа листа не е задолжителна, бидејки секоја земја го задржува правото суверено да одлучува за своите граници. Грчките власти објавија дека го чекаат догворот во ЕУ за да одлучат како да постапат на своите граници.