Нема веќе куќи за странци: Оваа земја со закон го забрани тоа!
Нов Зеланд усвои закон со кој на повеќето странци нема да им биде дозволено да купуваат куќи во таа земја, која се обидува да го спречи растот на цените на надвежности.
Досега пазарот за недвижности на Нов Зеланд бил отворен за инвеститори од целиот свет, но Владата усвои закон со кој само државјаните на таа земја ќе можат да купуваат куќи.
Статистичките податоци покажуваат дека околу три отсто од новозеландските куќи им се продадени на странци, но и дека дошло до пораст од пет отсто во живописниот регион Квинстаун и 22 отсто во Окланд.
Минатиот месец ММФ соопшти дека Нов Зеланд треба да ја преразгледа забраната, нагласувајќи дека е малку веројатно оти поради таквата одлука становите и куќите ќе бидат попристапни. Сепак Владата тврди дека странците се тие што ја зголемуваат цената на недвижностите, но единствено прашање е колку изнесува таа.
Странците со постојан престој на Нов Зеланд и понатаму ќе можат да купуваат куќи и станови, како и луѓето од Австралија и Сингапур, бидејќи со тие земји Нов Зеланд има склучено договор за слободна трговија.
Ново на Сител
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска