Фудбал
25. September 2017 - 14:40

Нема суспензија за исклучениот Мурињо

Менаџерот на Ливерпул, Жозе Мурињо, нема да биде казнет од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради исклучувањето на саботниот натпревар со Саутемптон.
 
Жозе Мурињо во финишот на натпреварот со Саутемптон беше испратен на трибините од судијата Крег Повсон откако четвртиот арбитар Мајк Џонс го извести дека Португалецот влегол на теренот.
 
Во обид да ја реорганизира играта на тимот, Мурињо ја газел аут-линијата, поради што крајот на мечот го следеше од трибините на „Сент Мерис“.
 
Англиските медиуми во понеделникот објавија дека Португалецот нема да биде суспендиран.
 
По мечот Португалецот на новинарите им рекол дека не знае зошто е исклучен.
 
„Ми рече да го напуштам теренот. И јас заминав“, рекол Мурињо во саботата