Македонија
23. July 2021 - 16:38

Нема спорни моменти во Законот за продажба на земјоделско земјиште, дециден министерот

Министерот за земјоделство смета дека критиките на вчерашната јавна дебата Законот за продажба на државно змејоделско земјиште се со политичка позадина. Тој уверува дека вистинските земјоделци кои биле присутни на дебатата не се против да се донесе Законот.

Од Граѓански фронт вчера изјавија дека земјиштето ќе го купат богатите, а најдобро решение според нив е сите граѓани на земјава да добијат дел од државната земја која може, а не се обработува. За земјоделците спорно е и тоа што  земјоделското земјиште по 10 години може да се користи како градежно.

За доцнењето на исплатата на субвенциите министерот уверува дека пари има и ќе легнат на сметките на земјоделците откако ќе се усвои ребалансот на буџетот.