Нема смена на врвот на германските социјалдемократи

Лидерот на германските социјалдемократи Зигмар Габриел не планира да замине од врвот на партијата, изјави денеска заменик претседателот на СПД, втората најголема партија во Германија и коалиционен партнер на концервативците на Ангела Меркел.
Одговарајќи на шпекулациите на издавачот на магазинот Фокус, Хелмут Маркворт кој во телевизиско интервју најави дека Габриел планира да се повлече од претседателската позиција, потпретседателот на СПД Ралф Штегнер ги отфрли информациите, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Господинот Маркворт веројатно бил премногу долго на сонце во Минхен, изјави Штегнер за медиумите.
Минатата недела Габриел кој што во владата на Меркел е вицеканцелар и министер за економија поради болест го одложи патувањето за Иран. Тој се соочува со силен притисок во партијата поради постојаниот пад на рејтингот кој според анкетите е меѓу 20 и 22 отсто, односно најнизок во последниве 10 години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
