Нема случај на мали сипаници во ТЦ Велес
Епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Велес денеска информира дека нема случај на мали сипаници (морбили) во Транзитниот центар Гевгелија.
- На 3-ти овој месец од лекарскиот тим во транзитниот центар добиено е известување за регистриран суспектен случај на морбили кај еден мигрант. Лекар специјалист епидемиолог веднаш излегол на терен. Направен е комплетен епидемиолошки увид при што е констатирано дека во амбулантскиот дневник евидентирано е девојче, родено 2013 год. од Авганистан, се наведува во соопштението од ЈЗУ ЦЈЗ Велес ПЕ Гевгелија.
Од разговорите со дежурниот медицински тим и екипата на Црвениот крст на Република Македонија заклучено е, како што појаснува во соопштението епидемиологот др. Олумчев од ЈЗУ ЦЈЗ Велес ПЕ Гевгелија, дека девојчето е донесено од прифатниот камп Идомени, Република Грција, со исип по кожата кој не е карактеристичен за морбили и присутен само на грбот и стомачето и без температура, кашлица ниту други специфични знаци за болеста.
На пациентот дадена му е симптоматска терапија (течна пудра и сируп Парацетамол) и веднаш е вратено во Кампот Идомени во Грција, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C