Нема правна основа за опструкции на еврообврзницата
Нема правна основа за опструкции на еврообврнизицата, велат правните експерти кои во потезите на СДСМ гледаат политичка пресметка во која се манипулираат јавноста и инвеститорите.
Не се исполнети правните претпоставки за активирање на ниту еден од членовите од законите на кои се повикува СДСМ при опструирањето на евробврзницата, реагираат експертите по вчерашното одлагање на издавањето.
За разлика од декември, кога беше ставено вето на износот на претходната еврообврзница, Македонија во моментов не е во предизборие, ниту има датум за избори. Опозициската партија нема делегерано свои министри и заменици, односно на функција е политичка, а не влада за организирање на избори, вели професорката Каракамишева, оценувајќи ги потезите на СДСМ како политичка пресметка и извртување на законите и уставот.
Тања Каракамишева, професор на правниот факултет
Во однос на тврдењето дека се прекршува законот за јавен долг со пречекорување на износите, СДСМ ја манипулира јавноста и инвеститорите прескокнувајќи го фактот дека еврообврзницата се издава за две буџетски години, потенцира професорот Климовски.
Александар Климовски, професор на правниот факултет
Издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра владата го образложи со потребата да се осигура стабилно сервисирање на обврските од буџетот, како што се платите и пензиите, како и за финансирање на капиталните проекти кои се меѓу главните чинители на растот на македонската економија.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
