Нема повредени патници во сообраќајната незгода кај Шумарски факултет
Во сообраќајната незгода која се случи попладнево на автобуската постојка кај Шумарски факултет, помеѓу автобус на ЈСП Скопје и две патнички возила, нема повредени патници.
За среќа, причинета е само материјална штета.
Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, негодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата.
МВР работи на целосно расветлување на случајот.
ЈСП Скопје апелира на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и материјални штети.
Според извештајот на ЈСП Скопје за работењето во период јануари-јуни 2019 год, возилата на ЈСП Скопје учествувале во 73 сообраќајни незгоди, при што 50 биле по вина на патнички моторни возила.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи