Македонија
30. July 2021 - 16:57

Нема напредок во преговорите без стабилна Влада во Бугарија

Влада во Бугарија за политичка предвидливост во преговорите. Македонската дипломатија очекува формирање владин кабинет во Софија, со кој ќе се надмине статус квото во односите меѓу двете земји.

Иако комуникацијата со привремената влада се одвива и понатаму, министерот Османи вели дека динамиката на преговорите зависи од тоа дали политичките партии во Бугарија во вториот обид, ќе успеат да се договорат нова влада.    

“Очигледно тоа се покажа како клучно во понатамошниот прогрес за разрешување на овие разлики кои ги имаме, иако и моите очекувања, а и такви беа очекувањата, дека не би требало да биде проблем фактот што има техничка влада”, вели Османи

Без да гарантира успех, Османи оценува дека политичката волја ќе биде решавачки фактор во преговорите. Во нив, македонската страна ќе влезе вооружена со резолуцијата, со која, вели министерот, се утврдија државните позиции.

“Германија и Португалија покажаа дека решение има. Тие предлози ги презеде словенечкото претседателство и се надеваме дека што се формира влада на 15 август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив во септември”, рече Османи

Османи дециден – блокадата не и одговара ниту на Бугарија и јасно е дека во нејзин интерес е прашањето да се реши.

Во спротивно, вели министерот, Бугарија се става во позиција да ја блокира европската перспектива на целиот регион, со сите последици кои ќе произлезат.