Нема кој не гласал, излезноста на парламентарните избори во Северна Кореја речиси сто отсто
Излезноста на парламентарните избори во Северна Кореја за време на викендот кога гласачите можеа да гласаат за единствен кандидат, достигна 99,99 проценти, резултат кој е подобар од тој регистриран на претходното гласање – 99,97 проценти.
Политичката партија на Ким Џонг Ун – Корејската работничка партија има апсолутна власт во земјата, која поседува нуклеарно оружје.
На секои пет години, милиони гласачи бираат ново Врховно народно собрание. Но, сепак, во секоја област има само еден кандидат, претходно одобрен.
Годинава излезноста изнесува речиси сто проценти, така што на гласањето не можеа да учествуваат само тие гласачи кои се наоѓаат во странство или на работа на море,објави државната агенција КЦТА.
Исто како во 2014 година, секој од 687-те кандидати доби сто отсто од гласовите.
– Сите гласачи гласаа како еден на овие избори, со што ја забетонираа власта на еден народ, цврст како карпа, се наведува во соопштението од севернокорејската ЦИК.
Јужнокорејската агенција Јонхап објави дека меѓу новоизбраните е сестрата на Ким Џонг Ун, која е меѓу најблиските соработници на севернокорејскиот лидер.
Ким Јо Чен е највлијателната жена во Северна Кореја и прв заменик-началник на одделението за пропаганда и агитација во партијата. Според севернокорејските закони, откако ќе биде избрана за пратеник, таа ќе продолжи да ја извршува и својата функција и пратеничката.
Ново на Сител
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023