Нема инсулинска криза, тврди владиниот портпарол Бошњаковски
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема инсулинска криза и оти има доволно залихи на инсулин.
- Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, истакна Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за сите актуелни прашања поврзани со секторот здравство.
Здружението на лица со дијабет „Шеќерче - Лилитоп“ од Велес денеска излезе со отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое укажува дека речиси цел месец нема инсулин и оти повеќе од сериозна е состојбата со лицата со дијабет во државата.
- Речиси еден месец некои си поигруваат со судбините на над 50.000 инсулин зависни граѓани, од кои над 500 се деца. Време е Вие лично да се ангажирате и дејствувате. Уште еднаш од Вас бараме да ставите моментален крај на инсулинската криза во државата. Инсулин да стасува до секој што му е потребно, а истовремно да донесете системско решение со кое нема да се овозможи следна криза, која и сега мислиме дека е наметната, но и без оглед на тоа ни одзема животи, се вели во писмото.
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања