Свет
2. May 2025 - 21:05

Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт

Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада на X.

Возачот на возилото е приведен, изјави портпаролка на полицијата, пренесе ДПА.

Додека пожарникарската бригада го опиша инцидентот како несреќа, полицијата досега не коментираше за контекстот на судирот.

Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот.

Пожарникари, спасувачи и полиција се на местото на настанот, кое е обезбедено.

Според портпаролката на полицијата, сообраќајот на станицата е во прекин.

Таа додаде дека во моментов се испрашуваат сведоци.

Возилото кое учествувало во инцидентот било темен Мерцедес Г класа, луксузен теренец.