Неколку скопски села и општини утре, вo сабота и вo понеделник без струја
Корисниците од селата Горно и Долно Количани, Пагаруша, Вртекица, Равни Габер, Драчевица, Црвена Вода, Цветово, Палиград и Алдинци утре од 8:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Кленоец“ и „Владимир Каваев“ во Општина Карпош, од 12:00 до 13:30 часот, дел од улиците „Исаија Маџовски“, „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшковиќ“ и „Стево Филиповиќ“ во Општина Ѓорче Петров, како и дел од улиците „Веселин Маслеша“, „Шекспирова“ и „Бранислав Нушиќ“ во Општина Карпош.
В сабота од 8:00 до 12:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Архиепископ Доситеј“, зграда бр. 33 и зграда бр.35 во Општина Чаир, а в понеделник од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од делови од улиците „Римска“, „Анкарска“, „Атинска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“ и „Бахар Моис“ во Општина Карпош, додека од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Чајлане.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар