Неколку скопски населби и села утре без струја

Корисниците од селата Мршевци и Бујковци утре од 7 до 16:15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 8 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од булулеварот „Јане Сандански“ бр.107 и над бр.119, во општина Аеродром.
Во периодот од 8 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Козара“ и „Шарски Одреди“ во општина Центар, од 8 до 15 часот корисниците од улиците „Востаничка“ бр. 100 и „Баница“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 13 часот корисниците од улица „Скупи“ од бр. 13 до бр. 19 и подулиците бр. „1“ и „9“ во општина Карпош.
Од 9:30 до 10:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Исаија Маџоски“, зграда бр.40, од 11 до 12 часот корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Рафаел Батино“ во општина Ѓорче Петров, а од 14 до 15 часот корисниците од Ново Село, подулици бр. „38“, „40“, „42“, „44“ и „46“.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ
-

Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага
-

Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад
-

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа
-

Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност
-

Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи
-

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија
-

Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
