-->
-->
Неколку лица загинаа во судир на минибус и два камиони во Велика Британија
-->

Повеќе лица се загинати, а четири други се префрлени во болница, во сударот на еден минибус, полн со патници и два камиони, соопшти британската полиција.
Сударот се случил рано утринава, нешто после 03.00 часот по локално време, во близината на една раскрсница кај местото Њупорт, во англиската област Бакингамшир.
Во соопштението на полицијата се вели дека минибусот тргнал од Нотингам, но засега нема информации колкумина патници имало во возилото и колку од нив настрадале во сударот.
Полицијата ги испитува причините за несреќата.
Сите три возила, вклучени во сударот се движеле во иста насока по автопатот.
Соопштено е дека две лица се уапсени и задржани во притвор, обвинети дека со своето опасно возење ја предизвикале несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
