Неколку лица повредени во пукање во трговски центар во Висконсин
Неколку лица се повредени во пукање во трговскиот центар Мејфер во градот Вавато во американската држава Висконсин, пренесуваат американските медиуми.
Како што изјави градоначалникот Денис МекБрајд за Еј-Би-Си Њус, никој од повредените не е животно загрозен.
Според него, напаѓачот се уште е на слобода.
Околу 70 полицајци пристигнаа на местото на настанот.
Полицијата им нареди на луѓето кои се затекнаа во трговскиот центар да најдат засолниште.
Мејфер мол беше место на пукање во февруари, кога полицаецот Џозеф Менсах го застрела 17-годишниот Афроамериканец Алвин Кол.
Полицијата тогаш соопшти дека Кол бегал од полицајците.
Менсах, кој исто така е афро-американец, рече дека го застрелал Кол затоа што тој вперил пиштол кон него.
Неколку месеци се одржуваат повремени протести поради инцидентот.
Окружниот правобранител во Милвоки одби да го обвини Менсах, но градот неделава се согласи на договор што ќе му плати 130.000 долари за да ја напушти полицијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден