Некогаш неинтересен, денес „Блескавиот град“ Гванџу зрачи со уметнички сјај
Јонхап - Сеул
Ако ги прашате Јужнокорејците каде би сакале да одат на распуст, најверојатниот одговор ќе биде Гвангџу.
Конечно, градот кој се наоѓа 329 км. југозападно од Сеул, воглавно е познат по сериозни нешта, посебно по масакрот од Гванџу, кога владината војска го прегази демократското движење при што загинаа стотици луѓе, инцидент кој е интегрален дел од идентитетот на градот и странската перцепција за тој настан.
Во Гванџу има многу крвави траги кои укажуваат на куражот на граѓаните да се дигнат барајќи социјална правда. За време на Јапонскиот колонијален период (1910-1945) градот играл значајна улога во организирањето на народен протест за доаѓање до независност.
-Градот долго време имал болна историја. Градот бил искористуван заради обилната храна која ја произведувал, а исто се користел и како место за егзил, вели Хан Хи-вон, сликар и роден гванѓанец.
И продолжува: „Гванџу никогаш не се сметал како место за одмор. Кај народото имено постоела спротивна перцепција. Но историјата на граѓаните кои ја ставале заедницата на прво место, ја демонстрира токму неговата топлина и добродушност.
За градските претставници, станува се поважно, ако не и итно, да се избрише имиџот на градот како казнуван или занемарен, и да се врати на старата слава да биде центар на културната ренесанса.
И покрај мрачната модерна историја, неговата многу подолга историја е сведок на изникнувањето и подемот како дом на многу рафинирани, талентирани и плодни писатели и уметници, како шт кажува неговото име „Блескавиот град“. Тоа е очигледно и од младите генерации изданоци затоа што многу кеј-поп изведувачи, меѓу кои и Сеунгри од БингБенг и Сузи од Мис Еј, доаѓаат од тука.
Јангним-донг, каде е роден и одраснал уметникот Хан, и кој сега има своја галерија, е клучно и мирно маало во централен Гванџиу, и каде тамошното културно наследство и старата литература и верски зданија од 19-от век останале недопрени.
Ако прошетате низ ова маало, ќе си помислите (и без да згрешите) како она кои некои критичари го нарекуваат неразвиенсот, може да биде благослов. Нема високи зданија, модерни кафе барови или монденси ресторани. Наместо тоа, таму постојат традиционални куќи кои волшебно преживеале повеќе од 100 години во брзата модернизација за да ја задржат својата класична убавина.
Преку мал рид во истото маало има стари цркви, домови на мисионери и музеи, кои ги изградиле западните мисионери на почетокот на 20-от век кои се доселиле тука, и кои овозможувале тивка осаменост во зашеметувачкиот вртлог на урбаниот живот.
Насред маалото Јангним е Стори Месинџер Донгаеби, кафе-културна книжарница каде се слави стриповскиот лик Донгаеби, рунтавото бело куче.
-Гванџу секогаш се поврзува со нешто интензивно, вели Ли Еун-бин, писател и ко-извршен директор во Фишикер, продуцентска куќа од Гванџу.
Нејзината компанија го создала ликот на Донгаеби според приказна која потекнува од ова маало. Се работи за пес-поштар со неверојатен инстинкт за мајчинство. Еден ден, таа родила девет куќенца додека се враќала дома, и ги пренесувала едно по едно во устата се додека не умирела од изнемоштеност.
-Се надевам дека овој лик ќе помогне да омекне перцепцијата за градот, вели Ли.
Ако во недостига уште милност, маалото Пингвин, кое е на неколку минути пеш од Јангним, е можеби местото за вас.
Изненадувачкото сегдеприсуство на водни птици во сликите и како скулптури во ова маало привлекуваат сечие внимание. Нема ништо спектакуларно да се види, но безбројните декорации на улиците, по крововите и на ѕидовите во сите комбинации се нешто кое треба да се види. Локалниот билтен закачен по ѕидовите навестува за опуштениот живот кој денес го нема скоро никаде.
Од тука, преку реката Гванџу и пеш кон североисток, се стигнува до Азискиот културен центар, новоизграден комплекс за изложби и концертна сала. Изградбата на современ уметнички центар е дел од амбициозниот план на владата да го оживее овој стар град, кој избледува во скорешната историја, но со репутација на уметничка престолнина. Тоа е исто многу важно заради улогата на градот во диверзификацијата на уметничката сцена во земјата. Сега Гванџу станува се поважна и се попоуларна дестинација каде локалните жители доаѓаат и прават пикници по зелените градините на крововите од куќите.
И јадењето некое ново јадење е важен дел од патувањата, а во Гванџу тие вкусни задоволства се повеќекратни, најмногу заради квалитетот на понудената храна - која не може да се споредува со скоро ништо друго од останатиот дел од земјата.
Низ историјата, провинцијата Џеола била житница (лебница) за целиот полуостров, а овој град, кој е лоциран скоро во нејзината средина, има големи бенефити од недогледната и плодна почва, каде се одгледува ориз, шитарки и други производи во големи количини.
Интересно е тоа што локалните жители не можат да издвојат едно посебно јадење кое ја претставува културата на храната од тука, но набрзо ќе го дознаете квалитетот на храната која е многу над просечниот национален квалитет. Препуштете се на многуте врвни вкусови во Гванџу како предизвик да го посетите овој град.
Уште еден вибрантно локално уметничко маало во оваа област е Балсан, до каде се стигнува по 15-минутно возење северозападно од Јангним.
Мирната опуштена населба сместена на мал рид до кој гледа кон стара фабрика за текстил самото се трансформирало во место откако неколку млади уметници се самоорганизирале за да го оживеат живеалиштето на работниците кои работеле во фабриката.
Сингапурскиот уметник и истражувач на уметноста Кох Хгуанг Хов вели дека обожува да живее тука затоа што тоа го потсетува на неговиот роден град.
-Куќата од моето детство беше срушена и на нејзино место беше изградена станбена зграда, вели 52-годишниот уметник. „Во становите секогаш нешто ви виси над глава, но во оваа куќа дури можам да си ги сушам графиките на кровот“.
Таблата на која пишува „Мостот Ппонг Ппонг“, и која виси над складиштето претворено во галерија во близина на неговата куќа која му била дадена на Кон преку програмата за размена на уметници, е местото познато и како „Архива на архивистот“, под програмата „уметник за селото“, и каде има уметнички дела кои создавал на основа на сето она што тој го собирал и доживеал во градот.
- Колку повеќе сум тука, толку повеќе луѓе запознавам, рече тој. „За мене, Гванџу е место за нови размени, и каде се среќавам со многу поинакви луѓе“.
Ново на Сител
-
Облачно со магла по котлините
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор