Живот
8. February 2018 - 15:02

Нејзината ќерка 4 години се забавувала со дечкото - Кога ја погледнала оваа стара фотографија, мајката занемела

Кога Хајди и Ед се вериле 2016 година, биле брзо возбудени поради планирање венчавка.

Меѓутоа, мајката на Хајди имала некое чудно чувство во врска со идниот зет. Се работело за чиста интуиција, а се утврдило дека била во право.

Хајди и Ед се запознале 2011 година во Лондон, на универзитет. Од тогаш се неразделни, а 2016 конечно решиле да се венчаат.

Во една прилика, овој пар отишол на ручек со своите мајки.

Зборувајќи за детството, мајката на Хајди споменала колку сакале да одат на едрење и како Хајди во една прилика запознала другар со кој била неразделна неколку дена. Убаво си играле, а разделбата им била тешка.

Се утврдило дека тој другар од детството, исто така, се викал Ед!

Две недели подоцна, мајката на Хајди нашла слики на таванот. Кога ги погледнала сликите, веднаш ја повикала својата ќерка.

Возбудена, и соопштила дека нејзиниот другар од детството е всушност нејзиниот сегашен сопруг!

„Врескав од среќа, не можев да поврувам“, рекла мјаката за Дејли Мејл.

„Сите мислевме дека тие се запознале на факултет, но тие како деца цели две недели се држеле за раце! Можеби од тогаш развивале некоја потсвесна идеја дека ќе го помоинат животот заедно кога ќе пораснат“, рекла мајката на Хајди.

Не само што Хајди и Ед се запознале на тоа патување, туку и нивните семејства. Никому не му е јасно како никој не се сетил на познатите лица.