Нејмар: Ме фаулираат 4, 5, 6 пати на натпревар, а добивам жолт картон за првиот прекршок
Нејмар е незадоволен од начинот на кој судиите се однесуваат кон него. Напаѓачот на Пари Сен-Жермен зборуваше за ова по пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Бразил и Тунис (5:1).
– Игравме фудбал и го контролиравме натпреварот. Тоа беше првиот натпревар пред Светското првенство за нас. За првиот фаул на натпреварот добив жолт картон. Тешко е да се прифати. Ме фаулираат четири, пет, шест пати на натпревар. И секогаш ме третираат посебно. Добив удар во нозете во второто полувреме кога почнавме со контранапад. Типот ме фаулираше и не доби жолт картон. И случајно фаулирав дефанзивец, не го направив тоа намерно. Дури и застанав и му се извинив. Но, ми покажаа жолт картон. Таквите ситуации не можат да се контролираат. Не го удрив намерно. Понекогаш сакате да видите повеќе здрав разум, рече Нејмар.
На натпреварот одигран во вторникот во Париз беше стрелец на третиот гол (од пенал) за Бразил во 29. минута, а жолтиот картон го доби осум минути претходно.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје