Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието
Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе гласаат против нивното потврдување. За усвојување на петте одлуки потребна е поддршка од најмалку 80 пратеници, што е невозможно без поддршка од дел од народните избраници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието вчера ја почна седницата на чиј дневен ред е потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба, но расправата по нив не почна бидејќи заседанието беше прекинато. Претседателот на Парламентот, Талат Џафери најави дека пратениците доолнително ќе бидат информирани за продолжението на седницата.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски најави дека Пратеничката група на оваа партија ќе гласа против потврдувањето на петте одлуки, затоа што, според нив, тие не биле искористени за целта за која биле донесени, туку биле злоупотребени од Владата.
– Сметаме дека сите пет одлуки ја промашија целта ниту една од одлуките не беше искористена од Владата да му помогне на стопанството, а последиците од тоа се гледаат денес, ниедна одлука не беше за подобра состојба со пандемијата, бидејќи денес имаме најголема смртност во регионот и Европа, рече Милошоски.
Според него, партијата ја донела ваквата одлука од три причини – затоа што одлуките биле донесени „за подобро справување со пандемијата, а има многу полоша состојба“, затоа што „требало да биде основа за справување со економските последици, а има драстично влошување на економските состојби во државата со зголемена невработеност и затоа што претходните два основи Владата ги злоупотребила и „наместо да носи мерки кои би биле посветени на овие теми носеше уредби со законска сила злоупотребени за работи кои немаа врска со овие основи“.
Дополнително во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот Пендаровски и СДСМ ја злоупотребиле вонредната состојба „за поединци дебело да се нафатираат“. – Наместо борба за здравјето на граѓаните, СДСМ се бореше за тендерите. Во ек на вонредна состојба, се доделија и половина милион евра пари за невладини, директно од влада, а се поделија во изборен период, наведува партијата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа