Неисчистените шумски патишта меѓу причините за ненавремено гаснење пожари
Неисчистените и запоставени шумски патишта се една од главните пречки за навремено гаснење на шумските пожари, а овие патишта се земјени, градени пред повеќе децении и никој не ги одржува, изјави Јордан Димитровски, директор на ЈПШС-Подружница „Голак“ Делчево.
Димитровски во изјава за МИА потенцираше дека само на територијата на Делчево и Македонска Каменица има 150 километри шумски патишта.
- Тоа е една огромна должина која ние како претпријатие не сме во можност да ја одржуваме. Тука треба да помогне и Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата и Министерството за одбрана, а секако и општината, бидејќи шумите се едно непроценливо богатство. Според мене, потребен е еден национален план, не само кај нас, туку секаде низ Македонија, патиштата кои се на таков начин изградени, пробидени низ шума, за експлоатација на шума, а и по 10-15 години не се навраќаме таму, а се потребни од повеќе аспекти, потребно е во нивното одржување да се вклучат сите сегменти, рече Димитровски.
Тој додаде дека поради некористење на овие патишта таму често доаѓа до затревување, а од поројните дождови и до нивно уништување, така што патиштата се една од главните причини за ненавремено излегување на самото место на појавата на пожарот.
Според Димтровски, 99 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор.
- Апелирам до граѓаните на општина Делчево и Македонска Каменица, да внимаваат, да бидат совесни, одговорни кон природата, бидејќи пожарот може да предизвика огромни последици. Шумата не се само дрвата, односно дрвната маса, туку шумата има 5.000 корисни функции, па можете да сфатие колкави се штетите од еден шумски пожар. Оваа сезона не очекуваме поголеми шумски пожари, бидејќи се уште вегетацијата е бујна од дождовите, но при крајот на летото доколку нема врнежи, опасноста од пожарите ќе биде поголема, рече Димитровски.
На територијата на Општините Делчево и Македонска Каменица под шума и шумско земјиште се 35 илјади хектари, а околу 15 илјади хектари се од прва и втора категорија на загрозеност. Пролетва на овој терен имаше три помали шумски пожари. Во последните 5 години овде изгореле над 200 хектари и над 10 илјади мтери кубни дрвна маса.
Ново на Сител
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг