Џет-Сет
20. јуни 2016 - 10:01

Неговата смрт, никогаш нема да ја преболи: Еве за кого страда Емина Јаховиќ!

Познатата поп-пејачка Емина важи за жена која е посветена на семејството и секогаш и е на прво место.
 
Убавата пејачка во раното детство останала без својто татко, а таа загуба никогаш не ја преболела. Вчера беше празник посветен на татковците, а Емина се потсети на детството и времето поминато со татко и. На социјалната мрежа Инстаграм таа сподели фотографија со емоционална порака...
 
- Мојот татко не е ниту сидро да ме задржи, ниту едро да ме одведе некаде, но е мој светилник на небото чија љубов секогаш ми го покажува патот. Секогаш ќе те сакам мој ангел чувару. Среќен ден на татковците. Девојката од деснастрана е мојата драга сестра Сабина, - напишала пејачката.
 
Нусрет, татко и на Емина починал од срцев удар во 1995 година.