-->
-->
Неготинец се самоповредил по семејна расправија
-->
Триесетгодишно лице од Неготино се самоповредило по семејна расправија, оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа во 23.30 часот во Полициска станица од општа надлежност Неготино се јавил дежурниот лекар од Итна медицинска помош Неготино и пријавил дека на улицата „Манчо Малиминов“ во Неготино, во семејната куќа се самоповредило триесетгодишно лице, појасни Додевски.
Според пријавата, по претходна расправија со неговите родители, младиот човек земал нож од кујната и самиот си нанел убодна рана на левата рака.
Повредениот бил пренесен во Итна медицинска помош – Неготино, каде му била санирана повредата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ