-->
-->
Негативни 2.800 тестови на туристите од директните летови од Велика Британија за Грција
-->
Во првите два дена од почетокот на директните летови од Велика Британија за Грција, негативни се сите 2.803 тестови за Ковид-19 направени по случаен избор на патниците.
Поконкретно, првиот ден, на 15 јули биле направени 1.366 тестови, а ден подоцна 1.437 тестови на патници кои од британските аеродроми пристигнале во Грција, меѓу кои и од Бирмингем и Манчестер, каде што беа регистрирани голем број позитивни случаи.
Единствено во транзит летовите од Лондон преку Париз и Ларнака, биле откриени два позитивни случаи кои веднаш биле ставени во изолација.
Масовните тестирања на патниците кои во Грција пристигнуваат од Велика Британија планирано е да продолжат и во следниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата