Негативен природен прираст во првото тримесечје - родени 3 526, умрени 5 398
Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко