Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3 741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %.
Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0.4 % во споредба со истиот период од 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава