Македонија
30. September 2023 - 16:29

Недостаток на стручен кадар во туристичко-угостителскиот сектор сериозен проблем

Земјите од Балканот се уште се соочуваат со недостиг од стручен кадар во туристичко – угостителскиот сектор. Младите келнери, готвачи и рецепционери по завршувањето на своето образование занаетот го продолжуваат во некои од поразвиените земји каде платите се далеку повисоки во потрага по подобра перспектива. Со оглед на тоа што овој кадар е дефицитарен од  регионалниот центар за средно стручно образование Ванчо Питошески од Охрид посочуваат дека преку меѓународни натпревари учејќи вештини и знаења се мотивираат младите за стручните струки.

И во Словенија состојбата е критична проблемот како што велат добрите познавачи лежи и во тоа што не се почитува доволно овој занает кој може да го работи секој како дополнителна заработка.

Учениците кои беа дел од натпреварот велат дека се одлучиле за оваа струка бидејќи е доста барана на пазарот.

Регионaлниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески”- Охрид, деновиве е домаќин на единаесеттиот по ред, Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023), од земјите настанати од поранешната југословенска федерација. Околу 200 ученици од 15 школи се мотивираат и натпреваруваат во дисциплините, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен нагласок на планинскиот и рурален туризам.