Недески: Муцунски е ист како Арсовска
Откако вчера градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски призна дека Деталниот урбанистички план за населба Лисиче е за изградба на згради, сега на ред е Државната комисија за спречување на корупција да постапи по овој случај.
Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да го стопираат носењето на овој ДУП, но тие го прават сосем спротивното.
Случајот парцели во Лисиче покажа неколку работи, кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните може да очекуваат само разочарување.
Прво, покажа дека Муцунски е ист како Данела Арсовска. Пред изборите ветуваше едно- зеленило, стоп на бетонизација, паркови, бришење маркици. Денес како градоначалник прави сосема друго, бетонизацијата, парцели за згради, уништување на зеленило.
И Муцунски исто како Арсовска за една и пол година не реализираше ниту еден свој проект. Како Арсовска што ги разочара скопјани, Муцунски ги разочара граѓаните на општина Аеродром.
И Муцунски исто како Арсовска, троши стотици илјади евра за вработување на партиски кадри, додека со пет милиони евра сака да ја задолжи општина Аеродром, една од најбогатите општини во државата.
Една и пол година неработење и уназадување на општината, тоа е учинокот на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.
Останаа само рацете во медот.
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт ова е резултатот.
Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром
Ново на Сител
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
