Недела на италијанскиот јазик во Македонија
Светското одбележување на Неделата на италијанскиот јазик почна и во Македонија во организација на Амбасадата на Италија во РМ и Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и ќе трае до 30 октомври.
Петнаесеттата Недела на италијанскиот јазик е посветена на италијанскиот поет Данте Алигиери, во чест на 750-годишнината од неговото раѓање. На отворањето на манифестацијата во ЕУ Инфоцентарот вчеравечер се обрати амбасадорот на Италија Ернесто Белели и беше отворена изложба на студенти на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Неделата на италијанскиот јазик деновиве ќе опфати проекции на филмови, предавања на Катедрата за италијански јазик на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, обука за професори по италијански јазик од двајца професори од познатиот Универзитет „Ca Foscari“ од Венеција.
Во рамки на манифестацијата вчера беше потпишан и меморандум за соработка меѓу Меѓународното училиште НОВА, Италијанската амбасада и институтот „Данте Алигиери“ со кој во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик.
Институтот „Данте Алигиери“ - Скопје со седиште во Рим, од 1999 године ги промовира италијанскиот јазик и култура во Македонија. Располага со библиотека од над 2.500 наслови на италијански јазик - речници, енциклопедии, дидактички материјали, одбележува годишнини на истакнати личности од италијанската култура, организира натпревар по италијански јазик во средните училишта во РМ и семинари за обука на наставници по италијански јазик.
Институтот е акредитиран центар за изведување на испитите за сертификатот ПЛИДА (Progetto Lingua Italiana Dante Alighieri). Овој меѓународно признат серитифкат го потврдува познавањето на италијанскиот јазик како странски и е неопходен за студирање, работа и подолг престој во Италија.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!