Неда Украден во седмата деценија ќе се мажи

Некогашната ѕвезда на екс-југословенската музичка сцена Неда Украден во интервју откри многу интересни деетали од нејзинот живот, а најмногу внимание предизвика нејзината најава дека наскоро ќе се мажи.
Иако, е на прагот на седмата деценија, Неда тврди дека денес има многу повеќе додворувачи отколку во младоста.
- Јас сум некој кој ги брише границите меѓу стари и млади. Денес, верувајте ми, имам повеќе додворувачи отколу кога имав 30 или 25 години. Навистина, тоа не е никаква лага, изјави Укрден за белградски „Блиц“.
- Да ви ги покажам моите пораки од познати и непознати луѓе, вие ќе бидете изненадени, додаде таа.
На прашањето дали и ласка што во минатото важеше за најпосакувана жена по кој „лудуваа“ политичарите, Неда одговори дека политичарите никогаш не ја интересирале.
- Со политичарите никогаш не се дружев премногу, а за Тито пеев десет пати. Тоа беше моја обврска. Што се однесува до остатокот на машкиот род, незнам дали некој има повеќе обожаватели од мене, рече таа.
Иако не сакаше да открие премногу за нејзиниот партнер, таа рчее дека тој не е позната личност, затоа што никогаш не би можела да биде со колега.
- Не е познат, а покрај мене не може да биде некој неинтересен и кој не е силна личност. Мора да биде некој што му се восхитувам, истакна Украден.
Ново на Сител
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
-

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
