Македонија
16. September 2025 - 12:17

Не запира рибокрадството

Рибокрадците не мируваат тие на секој можен начин наоѓаат инвентивни начини да заловат што е можно поголемо количество риба која ќе им донесе илегална заработка. Штетата, за жал е оргомна бидејќи не се знае колку риби завршиле фатени во мрежите или биле шверцувани од Албанија ниту колку од нив завршиле на домашниот пазар.

Рибниот фонд секоја година трпи огромни загуби поради немилосрдното ловење на пастрмката и белвицата кои за жал ги има се поретко. Екологистите посочуваат дека дека осиромашувањето на рибните резерви има штетно влијание и врз биолошката разновидност.

И покрај акциите на полицијата, рибокрадците не запираат, кражби  на риба има многу често, а за жал и во голем број.